Фуџи ДентФуџи ДентФуџи ДентФуџи Дент
  • Почетна
  • За Нас
  • Услуги
  • Блог
  • Галерија
  • Контакт

Детска стоматологија

    Home Детска стоматологија

    Детска стоматологија

    Препорачуваме првата посета на детето на стоматолог да биде веднаш по никнувањето на првото запче, или најдоцна додека да наполни една година.

    Препорачливо е да се прават контроли најмалку секои 6 месеци. Кај некои деца се потребни почести контроли заради зголемен ризик од појава на кариес, заради потреба од почесто чистење на забите кај деца кои носат фиксен ортодонтски апарат, заради лоша орална хигиена и зголемен ризик за пародонтална болест.

    Чистење на забите

    Малите деца не се способни сами да ги четкаат своите заби. Како родители, вие мора да го направите тоа наместо нив. Кога детето ќе почне да пишува, се смета дека тоа е периодот кога е доволно зрело за да почне само да ги четка забите.

    Со чистење на забите може да започнете уште пред да се појават млечните заби. Со тоа се стекнува навика за одржување на устата чиста. Целта е да се “избришат” сите меки делови-гингивата, како и забите доколку се изникнати.

    Легнете го вашето дете на удобно место

    • Употребете мека четкичка за заби, или околку прстот завиткајте чиста, малку влажна памучна ткаенина, и исчеткајте ги, односно исчистете ги површините на забите и на гингивата.
    • Не употребувајте паста за заби се додека не се појават забите во устата на детето.

     Раст и развој на млечните заби

    Mлечните заби се вкупно 20 на број. Нивниот раст завршува до 2-3 година од животот. На табелата е возраста на никнување на секој заб.

    Доколку на вашето дете му никнуваат забите и ви изгледа како да има болка, може да му помогнете со тоа што ќе ја масирате гингивата на местот каде што треба а никне забот со чист прст, или со задната страна на мала лажичка, оладена во фрижидер.

    Никако не смеете да користите лекови за болка кои се премачкуваат и делуваат локално. Вашето дете е мало и може да ги голтне.

    Раст и развој на трајните заби

    На 6 годишна возраст никнува првиот траен заб во устата – првиот траен молар. Тие се локализирани позади забниот низ на млечни заби, односно позади вториот млечен молар.  во овој период започнува ресорпцијата на корените на преостанатите млечни заби, со што тие почнуваат да се клатат, за по одреден време да дојде до нивна смена. Млечните заби комплетно се менуваат до 12тата година.

    Кариес во детска возраст- циркуларен кариес

    Со појавата на забите во устата на детето, веднаш  тие стануваат подложни на кариес, како резултат на конумирање на храна богата со шеќери.Мајчиното млеко, кравјото млеко и соковите – сите тие содржат шеќери кои имаат кариоген потенцијал.

    Малите деца многу често добиваат циркуларен кариес, како резултат на лошата навика да си легнат во ревет со шише млеко, сок или засладен чај.  Честото доење во текот на ноќта значи дека забите на вашето дете редовно се натопуваат во шеќери.

    Циркуларниот кариес најчесто настанува до 4тата година од животот.  Еднаш месечно проверете му ги забите, забележете дали има бели флеки или линии на забите. Овие флеки најчесто се лоцирани во вратниот дел на забот – во близина на гингивата. Доколку забележите некои од тие знаци, веднаш посетете стоматолог. Кариесот во раното детство мора да биде детектиран и лекуван навреме. Во спротивно, може да се јави инфекција и болка.

    Доколку на вашето дете сте му давале шише со млеко или сок, да се престанете со таа лошанавика може да биде навистина тешко.  Еве неколку корисни совети:

    • наместо сок или млеко, ставете обична вода во шишето
    • доколку детето ја одбие водата, дадете му чиста цуцла или гумена играчка
    • доколку и тоа не помогне, обидете се да го разредувате млекото, односно сокот во тек на една недела или две, со тоа што на крајот на втората недела во шишето да остане само чиста вода.

    Превентивно залевање на фисури

    Залевањето на фисури е одличен превентивен третман за спречување на појавата на забен кариес.

    Колку и да ги четкате забите на вашите најмили, џвакалната површина на забите е предилекционо место за развој на забен кариес. Имајќи го во предвид овој факт, залевањето (запечатувањето) на овие површини е најдобрата превенција на кариес.

    За да се залее забот, потребно е да е здрав. Затоа, залевањето е препорачливо да се изврши веднаш по неговото никнување во усната празнина.

    Залевачите се посебни стоматолошки материјали кои се аплицираат во јамичките и фисурите на џвакалната површина на бочните заби. Залевачот делува како барирера и на тој начин ги заштитува местата на кои е најверојатно да се појави кариес.

    Новите истражувања покажале дека 4 од 5 кариеси кај деца до 15 годишна вораст се развиваат на џвакалната површина на моларите.

    Самата апликација на залевачите е брза и безболна, а ги штити забите долго време.

    Цуцли и цицање на прст како лоши навики

    Цицањето на цуцла и прст/палец? се нормални навики во првите месеци од животот, затоа што тоа им помага на бебињата да се опуштат.

    Цуцлата не би требало веќе да се користи над 3 годишна ворзаст. Но, доколку овие навики продолжат и над 4 годишна вораст, тогаш постои ризик кај детето да настанат проблем во говорот, неправилен раст на вилиците, неправилност во положбата на забите и неправилност во формата на забните лаци.

    Најголемиот број од децата сами престануваат со овие навики, но ако таа активност продолжи и над три годишна возраст, треба да се консултира стоматолог.

    Facebook

    Најнови постови

    • Навики кои ги оштетуваат забите
    • Стоматолошки совети – пред и по вадење заб

    Тагови

    болка заб заби навики совети
    • Fuji-dent-11.jpg

    За Нас

    Фуџи Дент е стоматолошка ординација со дигитален панорамикс. Ординацијата се наоѓа во Кавадарци на улица 7ми септември, веднаш под полицијата. Фуџи Дент е основана од д-р Весна Чемерска Попова, специјалист по ортодонција. Закажете термин на 075-423-371

    Фејсбук

    Facebook

    Контакт

    Телефон: +389 75 423 371

    Емаил адреса: fujident2004@yahoo.com

    Адреса: 7 септември | Kavadarci, 1430 | Macedonia

    © All rights reserved, 2017. Design by Tivius Productions
    • Почетна
    • За Нас
    • Услуги
    • Блог
    • Галерија
    • Контакт
    Фуџи Дент
    Facebook