Фуџи ДентФуџи ДентФуџи ДентФуџи Дент
  • Почетна
  • За Нас
  • Услуги
  • Блог
  • Галерија
  • Контакт

Дигитална радиологија

    Home Дигитална радиологија

    Панорамско снимање на заби

    Што претставува панорамското снимање на заби?

    Панорамско снимање на заби (панорама на заби) е дводимензионално смимање на целата усна празнина со само една снимка. На панорамската снимка се опфатени сите заби, горната и долната вилица, темпоро-мандибуларниот зглоб, како и околните ткива и структури.

    Многу заболувања на забите и на околните ткива не се видливи при стандарден преглед, па заради тоа се потребни рентгенски снимки кои помагаат да се откријат:
    – кариес меѓу забите или кариес под постоечките пломби;
    – инфекции во коската;
    – пародонтална болест;
    – абсцеси или цисти;
    – аномалии во развојот;
    – некои типови на тумори.

    Дијагностицирање и третман на денталните проблеми во рана фаза заштедува време, пари и непотребна непријатност.

    Колку често треба да се прават рентгенски снимки зависи од повеќе фактори: моменталната состојба на Вашето орално здравје, Вашата возраст, ризик за одредени болести, присуство или отсуство на знаци и симптоми на некое орално заболување и сл. На пример, кај децата некогаш се потребни почести рентгенски снимки отколку кај возрасните, бидејќи нивните заби и нивната вилица се сè уште во развој. Исто така, забите кај децата се посклони кон развивање кариес отколку возрасните (од повеќе причини). Стоматологот, врз основа на повеќе параметри, одредува дали и кога Ви се потребни рентгенски снимки.

    Колкаво е зрачењето при панорамско снимање на заби?

    Зрачењето со нашиот најнов дигитален панорамикс е минимално во споредба со секојдневното зрачење на кое сме изложени без наш избор – зрачење од земјата, сонцето, радиоакивни елементи од природата итн.

    Зрачењето при панорамско снимање  е прилагодливо според возраста на пациентот, поради што е безбедно и за деца.

    Колку време трае панорамското снимање на заби?

    Панорамското снимање на заби трае помалку од 1 минута  и  снимката ја добивате веднаш. Не е потребно претходно закажување.

    Контраиндикации

    Снимањето не е дозволено за бремени жени.

    Facebook

    Најнови постови

    • Навики кои ги оштетуваат забите
    • Стоматолошки совети – пред и по вадење заб

    Тагови

    болка заб заби навики совети
    • Fuji-dent-11.jpg

    За Нас

    Фуџи Дент е стоматолошка ординација со дигитален панорамикс. Ординацијата се наоѓа во Кавадарци на улица 7ми септември, веднаш под полицијата. Фуџи Дент е основана од д-р Весна Чемерска Попова, специјалист по ортодонција. Закажете термин на 075-423-371

    Фејсбук

    Facebook

    Контакт

    Телефон: +389 75 423 371

    Емаил адреса: fujident2004@yahoo.com

    Адреса: 7 септември | Kavadarci, 1430 | Macedonia

    © All rights reserved, 2017. Design by Tivius Productions
    • Почетна
    • За Нас
    • Услуги
    • Блог
    • Галерија
    • Контакт
    Фуџи Дент
    Facebook