Протетика
Протетиката е гранка на стоматологијата која ги опфаќа изработката и надокнадувањето на изгубените заби и пропратните структури. Главната цел на протетиката е да ја врати нормалната орална функција на пациентот. Фиксната протетика може да ја замени коронката на забот, односно два или повеќе заби, со што на пациентот му се враќа функционалноста, природниот изглед и чувството на удобност.
Метал – Керамика
Фиксните протези изработени од метал-керамика претставуваат најлесно и најчесто решение кое ги задоволува сите естетски и функционални потреби на пациентот. Ваквите коронки имаат метална основа околу која се формира керамичка коронка што го покрива металниот дел. Со големиот избор на бои можат да се добијат одлични естетски резултати. Ваквите коронки се изработуваат од различни метали како на пример: златно-платинска легура, хром-кобалт-молибдна легура и никел-титаниумска легура.
Керамика ‘без метал’
Тоа е фиксно помагало изработено од стаклена керамика, алуминиумско-оксидна или циркониева керамика. Најголемите предности во изработката на протезите од ваков материјал се: соединувањето од биолошки карактер, постојаноста во устата, константниот волумен и непроменливата боја, големата цврстина и естетика на коронките. Потребата да се откријат ваквите материјали произлегува од естетските потреби на пациентите во модерното време, но и поради некои недостатоци на метално-керамичките протези како на пример: често посивување на металната подлога во вратот на коронката, трошењето на забот од спротивната страна, појавување на пукнатини во коронката и релативно тешката поправка на керамичките фурнири. Денес освен функционалноста на протезите потребно е и да се остварат естетските критериуми на пациентите. Кај безметалните помагала нема метални ‘капки’ со кои се покрива остатокот на забот или надоградба на која се нанесува слојот од керамика.
Во овој случај целиот заб е во бела боја, односно во природната боја на забите која се одредува во согласност со остатокот од забите во устата. Целосната коронка која е изработена од керамика, како и природните заби пропуштаат светлина така што ваквиот заб изгледа ‘живо’ и совршено се вклопува со остатокот на забите во вилицата.
Inlay/Onlay
Inlay претставува надоместок кој се изработува во заботехничка лабараторија. Со својот изглед наликува на обична пломба. Со него се надоместува делот од коронката на забот кој е оштетен од кариес или скршен. Во случај кога се надоместува горната површина на забот тоа го нарекуваме inlay а во случај кога се надоместува и горната и страничната површина тогаш се нарекува Outlay. Во ситуација кога е потребно да се поврзат два inlaу, се користи мост, односно inlay мост. Ваквото санирање на кариесот има одредена предност во споредба со обичните компизитни пломби.
Ламинати – Veneers
Ако вашите заби се неправилни, оштетени или има појава на промена на боја, со помош на керамичките ламинати можете да ги решите сите проблеми. Иако ламинатите не ја заменуваат добрата орална хигиена, со нивна помош можеме брзо и едноставно да го решиме проблемот, да ја разубавиме вашата насмевка и да ви ја вратиме самоувереноста.
Ламинатите се тенки, прозирни и прават предниот дел на забот да изгледа убаво. Со нив можеме да ви ја промениме формата, големината, положбата и бојата на природните заби како и намалување на просторот меѓу забите, корекција на одредени ортодонтски неправилности, исправување на криви и изобличени заби или целосна замена на старите неестетски композитни пломби односно покривање на флеки и дисколорација.
Мобилна протетика
Мобилната протетика се занимава со враќање и одржување на нормалната орална функција со помош на помагала кои се вадат од уста, односно со тотални и парцијални протези.
Тотални Протези
Целта на изработката на целосната односно тоталната протеза е воспоставување и враќање на сите изгубени функции од стоматолошки аспект (џвакање, изговарање, оклузија, естетика) кај пациенти кои што ги изгубиле сите заби.
Обезбедувањето на целосни протези кај пациентите без заби има повеќекратна задача – третман за лекување од последиците при губење заби, враќање на сите изгубени функции неопходни за животните потреби на пациентот, враќање на естетскиот изглед – главната причина поради која пациентите сакаат да им биде изработена протеза, како и прв чекор за превенција на понатамошното пропаѓање на коските и останатите ткива во устата.
Парцијални протези
Целта на изработката на парцијални односно делуни протези е воспоставување и враќање на сите изгубени функции од стоматолошки аспект (џвакање, изговарање, оклузија, естетика) кај пациенти кои што изгубиле дел од забите.
Обезбедувањето на парцијални протези кај пациентите што изгубиле неколку заби има повеќекратна задача – третман за лекување од последиците при губење заби, враќање на сите изгубени функции неопходни за животните потреби на пациентот, враќање на естетскиот изглед – главната причина поради која пациентите сакаат да им биде изработена протеза, како и прв чекор за превенција на понатамошното пропаѓање на коските и останатите ткива во устата.